Dec 20, 2017, 10:31 PM

Отровни цветови 

  Poetry » Love
279 0 2

Во овој паралелен свет

ти си на страната

на моите непријатели

а јас сум самовила

со седум копја во грбот

првиот впечаток

е како магливо утро

закопано во пазувите

на овие турбулентни години

ми приоѓаш

со вештачки насмевки и црвени каранфили

по улиците се разлева златен дожд

и небото плаче

за сите несреќни љубови

за мене е подобро

да бидам студена

и никогаш повеќе

да не помислам

на твоите отровни цветови.

 

© Sanja Atanasovska All rights reserved.

Comments
Please sign in with your account so you can comment and vote.
Random works
: ??:??