Аште ли Воскресението да го одложувам
Веќе на плеќиве ми тежат и земјава и небесата
Обрачот на покајание коскиве ми ги пука
Нишките на секојдневието се замрсува
А,Целувката на Јуда во душата ме пече
Од жолтата пламеница срцето прегоре
А Јас само глаголам покрај каменов
Аште ли Воскресението да го одложувам
И ете
Русалка од глобочините се огласи
И заглаголи
Последното распетие аште е тајна за тебе
Ќе молчам, а молчи и ти
Не ломоти пред сите
Страдаат многумина од ноќно слепило
Слепци се
Молчи и намалисе
Сказанијата по кој копнееше само што не потекле
Молчи и намалисе
Едни ќе те наречат Крадец, други Волшебник
Трети Богочетец
Можеби така треба да биде
И којзнае како наеднаш легнав на мек облак
Покриен од топлината на ноќта која легна врз мене.
© Никодин Чернодримски Все права защищены