Јас сум мала честица
со светлината влегувам
во кубето на црквата
го слушам твојот глас
преку ѕидови
преку планини
преку граници
имам една причина за славење
и сто други за непребол
го слушам твојот глас со векови
те знам со години
а во мене се раѓа
ехо на нетрпеливост.
© Sanja Atanasovska Все права защищены