12.04.2018 г., 12:40

Ќе ја изгаснам љубовта

462 1 0

Ќе ја изгаснам љубовта

како светло во собата

кога ќе сфатам

дека е порок

кога ќе стане неразумна

кога ќе биде невозвратена

кога ќе ги растоварам

сите црни мисли

што му тежат

на овој ден и на овој живот

ќе живеам праволиниски

ќе пишувам сосема обично

ќе ја изгаснам љубовта

како светло во собата

кога ќе сфатам

дека за неа

нема место во поезијата.

Искате да прочетете повече?

Присъединете се към нашата общност, за да получите пълен достъп до всички произведения и функции.

© Sanja Atanasovska Всички права запазени

Коментари

Коментари