Зад параванот
разделбата со твојата суета
минува без многу детали.
Ти носам нови чевли
во чија убавина се сомневаш.
Уште ли каниш гости
што не доаѓаат?
Во срцето имаш пукнатина,
а јас
секој стих напишан за тебе
го оптегнувам како жица.
Маглата се згуснува,
и зимата те познава
по капутот со боја на лилјак.
Афродита,
споредбите ти се вишок
скромноста ти е кусок.
Ќе ти ја избришам клетвата
ако воопшто некаде е запишана.
© Sanja Atanasovska Всички права запазени