Jan 18, 2018, 12:46 PM

Бисер меѓу бисерите 

  Poetry » Love
357 0 2

И богатите градови со голема душа
и сите пријатели и познаници
пред тебе се мали и неважни
мојата рамнодушност
не кажува ништо
ти си бисер меѓу бисерите
заради твојата среќа
можам да полетам
вети ми
дека нема да ја промениш адресата
дека ќе ме чекаш
во оние убави згради
што го допираат небото
и ако некогаш те одминам без поздрав
разбери дека околностите
биле поважни од емоциите
а за лошата глума не грижи се
ти си мој бисер меѓу бисерите.

© Sanja Atanasovska All rights reserved.

Comments
Please sign in with your account so you can comment and vote.
  • Красива влюбеност! Поздрави, Саня!
  • Който може да полети,заради щастието на другите е благословен!Поздравление!
Random works
: ??:??