Dec 17, 2018, 7:51 AM

Борба

568 1 2

Се враќам на почетокот 
со корени во детството
и со тишина те будам 
од соништа кои нема да се остварат. 

 

Јас би те заборавила 
би те избришала без двоумење
и би се борела 
дури и кога мојата борба е оцрнета 
би се борела со згазено его 
ослободена од суета
со помисла на лажните ветувања 
оставени во могила. 

 

Плаќам за гревови 
од некои претходни животи
а ти живееш 
со товарот на лошите проценки. 

 

Во ликот на странецот 
што се оддалечува 
видов што сакам за себе си. 

 

После секое зазорување
продавам тага 
за да купам љубов
и секој ден истата песна се повторува. 

 

Се движам грациозно во кружницата 
на мојата натална карта
мојата борба добива димензии на вечност. 

Want to read more?

Join our community to get full access to all works and features.

© Sanja Atanasovska All rights reserved.

Comments

Comments