Првата моја солза е за тебе.
Го слушам диктатот на сивилото.
Пеперутката си ја заробила слободата во хербариум.
Така мртва го впива мирисот на грозје
во есен како што јас ја чувствувам нашата сага.
Твојата последна солза е за мене.
Секој ден создаваме една дијаспора од стихови.
© Sanja Atanasovska All rights reserved.