Apr 7, 2018, 3:02 PM

Единствен си 

  Poetry » Love
359 0 0

Единствен си како мој матичен број

како прва љубов

што ја гори младоста

како страв меѓу четири ѕида

единствен си

а сепак ме избриша

единствена сум

а сепак дозволи

заборав да ги изеде моите очи.

 

 

© Sanja Atanasovska All rights reserved.

Comments
Please sign in with your account so you can comment and vote.
Random works
: ??:??