Ноќеска сонив нешто,
замисли целото небо
го собираше во собата.
Во касичката за штедење
имаше само прокоцкани денови.
Те љубев и губев,
додека си месеше леб
со женските солзи.
Да не беше љубовта од филмското платно
поезијата ќе беше сама.
© Sanja Atanasovska All rights reserved.