Срамежливо е светлото во мојата соба
не ми дава да читам и пишувам
да вдишувам атоми од среќа
да ги сакам луѓето
како што заслужуваат
да признам дека некој ми недостига
срамежливо е светлото во оваа соба,
светло малечко
во пеперутка ме претвори.
© Sanja Atanasovska All rights reserved.