Те нареков див ветар
и те пуштив да си играш
со моето перче
те нареков шумска јагода
и сакав да го вкусам
твоето црвенило
те нареков бел нарциз
и те оставив да се вљубиш
во самиот себе
но ти стана провалник во моите соништа
крадец на моите желби
и човек што ќе го следам
до крајот на светот.
© Sanja Atanasovska All rights reserved.
и те оставив да се вљубиш
во самиот себе.." Здравей, Саня, интересни са ми твоите стихове.