Афродита,
секој ден се будиш
со прашањето
каде плови овој брод?
На долги стази
флертуваш со зборови.
Биди понизна на парфемите
штом сомничавите луѓе
ќе почнат да гребат
под површината
на она што си ти.
Афродита,
нарцису заколнат на тишина
пресели се во удобна кожа
и географијата на моралот
промени ја.
Постелата ти е мека
сонот ти е трнлив
а во талогот од кафе
маж со меч се заканува.
Којзнае, можеби премногу долго
ме инспирираш
и затоа собери го мојот мир
меѓу твоите скапоцени камења.
© Sanja Atanasovska All rights reserved.