SanjaMKD

317 резултата

Oвие очи ќе те следат 🇲🇰

Кога ми значеше,
не давав да остариш,
кога ме рани,
сакав да те фрлам во заборав
зад железни врати ...
391 1

Луѓе 🇲🇰

Тие што беа сечии
сега се ничии
некогаш среќните за среќа сонуваат
вообразените паѓаат
пониско од замисленото ...
421

Не буди ме 🇲🇰

Не буди ме среде најубавиот сон,
среде благиот акцент на твоите очи,
среде срцето, преморено од силни емоции.
Не буди ме среде најубавиот сон,
во светот на глувите нема музика, ...
586 4

За тебе чувам сафири 🇲🇰

Беше сакан, а несуден
сега си само добар пријател
ти што ја будиш пролетта во моите мисли
за тебе чувам сафири
кога другите ќе заминат ...
466 3

Сама на планина 🇲🇰

Ќе заминам сама на планина
за да се соочам со своите стравови
сега кога знам дека ниту ме сакаш
ниту ќе бидам твоја
ќе и удрам шлаканица на пијаната ноќ ...
420 1

ѓавол 🇲🇰

Имам две раце
десната е повредна од левата.
Имам неколку важни патишта во животот
едниот ќе го препливам
другиот ќе го прелетам ...
410 1

лажица со среќа 🇲🇰

Се скарав со сите
со самата себе
со својата добра волја.
Веќе не градам мостови меѓу луѓето
и онака ќе бидат срушени ...
460 1

љубов заспана 🇲🇰

Ти си мое ремек дело,
мој жежок костен во дланките,
мој проблем и моја страст,
причина за постоење
на секој мој убав збор, ...
388

Ќе чекам 🇲🇰

Во кофите носам тишина
ја оставам во собите.
Ќе чекам,
додека не падне
и последната куќа во селото. ...
396 3

Рацете на моите брези 🇲🇰

Ќе те допрам со рацете на моите брези
за од тебе да направам камен
или бесценет трофеј
или чудо што трае три дена
ќе те стигнат рацете на моите бели брези ...
407 2

Нашата куќа 🇲🇰

Поминав покрај нашата куќа,
за двесте луѓе.
Знаев дека е празна и пуста.
Патот што со врзани очи
можев да го поминам, ...
404 1

Jас сум... 🇲🇰

Не слушам никого
не се замислувам залудно
не сум центар на светот
не сум пеперутка во замрзнат град
не сум меч фрлен во пустина ...
558 1 2

Тажна химна 🇲🇰

Лошата глетка ја тргнав од очите
и ја фрлив во проточна вода
од свиленото рамо вадев проколнати ѕвезди
за копнежи да немам
тажна химна пее моето срце ...
425

Чувствувам дека доаѓаш 🇲🇰

Цел живот заспивам со отворени очи
за да те среќавам во соништата
измислувам љубов
за да не заминеш
од светот на бесмртноста ...
334 1

Мислиш на мене 🇲🇰

Ме викаш на другата страна,
мислиш на мене,
ми го подаваш малиот прст,
а јас прибирам роса и калдрма,
да направам клупа, ...
372 1 3

Отровни цветови 🇲🇰

Во овој паралелен свет
ти си на страната
на моите непријатели
а јас сум самовила
со седум копја во грбот ...
328

Луд ритам 🇲🇰

Од блиски пријатели
позајмив седум животи
преминав во друга димензија
влегов во твојата сакана куќа
главата ја потпрев на колена ...
526 3

Сама 🇲🇰

Направив нешто себично,
те затворив во кутија,
да бидеш само мој,
еден ден и лисјата,
што ги газам во паркот, ...
439

Вечен живот 🇲🇰

И оваа вечер ќе заспијам
со спомени од едно убаво време
спакувано во куферот на минатото.
Додека да те повикаат бадемите од моите очи
додека научиме да живееме ...
418 3

Те нареков 🇲🇰

Те нареков див ветар
и те пуштив да си играш
со моето перче
те нареков шумска јагода
и сакав да го вкусам ...
445 1 1

Писмото на десетте прсти 🇲🇰

Имам само десeт прсти
и едно писмо, што отстојува
во фијоката на мојот живот,
затоа што немам црвена љубов во розов свет
ниту зелена надеж во сивото секојдневие, ...
341

Иницијали 🇲🇰

Истурив мастило врз твоите иницијали
затоа црвенеам како булка
ги отварам кафезите
ги ослободувам птиците
ги отфрлам стравовите ...
364

На друго место 🇲🇰

Тука е мојот ѓердан со денови
мојот свет со мирис на кафе
овде се добрите луѓе што ги сакам
и злонамерните што ги лажам до бескрај
тука душата ужива ...
432

Стаклена жена 🇲🇰

Јас сум стаклена жена
не удирај по моите надежи
ќе ги скршиш своите раце
ќе ја изгребеш текстурата на моето лице
ќе ме растажиш, ...
534 1 4

Твоја засекогаш 🇲🇰

Ти го избрав најубавото годишно време
ти ја подарив најубавата градина
те засадив, ти расцуте
големото враќање на старата љубов
беше празник за душата ...
397 1 3

Забрането овошје 🇲🇰

Вчера те сретнав во сон,
и се ми раскажа,
дека сум твое зимско цвеќе,
што расте на асфалтот,
ако ме сакаш, ...
509 2

Jас и мојата сенка 🇲🇰

Се провираме во судбината на ткаенините
крцкањето на вратата ни го отвора денот
со чевлите ги туркаме златните парички на есента
ги игнорираме меурчињата на немирот
растурени во воздухот ...
424

Без тебе 🇲🇰

И без тебе сум убава
ама сум мртва природа
и без тебе е добро
ама не е совршено
моето пешачење ...
477 2

Среќна како факел 🇲🇰

Денеска сум среќна како факел што гори
приложив жртва
пролеав солзи и ги удавив непријателите
талентот го задржав во срцето
оној што на вага не можете да го измерите ...
377

Последно збогум 🇲🇰

Си ја избрал најлошата варијанта
во мислите си се откажал од мене
уште еден удар
уште еден скршен столб
и после ова ...
429

Правам град за тебе 🇲🇰

Кога си одам накај дома
попат облаци ме следат.
Далеку од мислите на лошите луѓе
правам град за тебе.
Ти си сакан човек ...
364 2

Живот во темнина 🇲🇰

Ми се случи живот во темнина
темни очи во темна соба
најпосле темнината ме заведе
го оставив минатото да спие
во својата скршена колевка ...
465 2 4

Бел лист хартија

Истурам кафе
на хартија што дише
бел лист како разбој
на него ткаам судбини
бел лист како пајажина ...
441

Лоша комбинација 🇲🇰

Ти ги крадам мислите
со брзина на светлина.
Влегувам на прсти во твојот сон,
за да те разбудам.
Ти кажувам, дека во сите возови ...
623 1

Остани сам со себе 🇲🇰

Остани сам со себе
додека се сменат
годишните времиња во еден ден
додека да помине ноќта
додека да ме заборавиш ...
659 2 6

Ме скршивте 🇲🇰

Влеговте во мојата темна страна
без причина ме скршивте
фрливте сите по едно копје
врз мојата кадифена душа
тажното небо ми го скроивте ...
655 2 6