Jan 12, 2017, 11:44 AM

Мислиш на мене 

  Poetry » Love
237 1 3

Ме викаш на другата страна,
мислиш на мене, 
ми го подаваш малиот прст,
а јас прибирам роса и калдрма,
да направам клупа, 
да се поткачам, 
да те дофатам за миг, 
затоа што надежта во мене 
два пати на ден умира,
а третиот пат воскреснува.
Мислиш на мене
во ова време и тоа е доволно.

© Sanja Atanasovska All rights reserved.

Comments
Please sign in with your account so you can comment and vote.
Random works
: ??:??