Sep 15, 2017, 9:44 PM

Не оставај се себе 

  Poetry » Phylosophy
345 0 2

После секое разочарување
почнувам нова битка за среќа
додека чуден ветер го населува 
местото во кое живееме. 

Во сон умирам
и се будам затворена во своите мисли 
со скршени стакла во гласот. 

Не е важно ако другите не те сакаат 
ако врз твоите стапки 
фрлаат жар од згаснати ѕвезди 
кога создаваш дела за век и векови. 

Кога другите ќе те напуштат
не оставај се себе. 

© Sanja Atanasovska All rights reserved.

Comments
Please sign in with your account so you can comment and vote.
  • Eipril (Хари Спасов), точно, така е, тоа е дарба. Благодарам и поздрав.
  • Sanja,пиши!!!Правиш го със сърце!!!Това е Божа дарба и никой не може да я запре
Random works
: ??:??