Dec 12, 2020, 1:11 AM

Песна за чевларот 

  Poetry » Phylosophy
271 0 2

Сè е црно, сиво и кафеаво,
и кај него саботата
го земала редниот број
на еден трудољубив понеделник.


Живее со душата на чевлите,
а нема одговор
зошто милиони деца во светот се боси.


Сите во еден миг
ќе мораме да ја повториме
песната за чевларот
затоа што од кругот на неговите раце
тргнуваат
илјадници изминати километри.
 

© Sanja Atanasovska All rights reserved.

Comments
Please sign in with your account so you can comment and vote.
Random works
: ??:??