Рацете на моите брези
Ќе те допрам со рацете на моите брези
за од тебе да направам камен
или бесценет трофеј
или чудо што трае три дена
ќе те стигнат рацете на моите бели брези
а допирот ќе остави трага само во мислите.
© Sanja Atanasovska All rights reserved.