Apr 8, 2018, 5:40 PM

Море од радости 

  Poetry » Love
362 1 2

Еднаш неделно

пливам во море од радости

во костим од зелени треви

сеам камчиња на дното

се извивам во бранови од среќа

ја земам улогата на сирена

пливам далеку пред другите

о, море мое полно со радости

те молам не пресушувај.

 

© Sanja Atanasovska All rights reserved.

Comments
Please sign in with your account so you can comment and vote.
Random works
: ??:??