Sep 28, 2017, 10:38 AM

Не тагувај 

  Poetry » Love
1345 5 9

Не тагувај

за возот што доцни

за патување на кое нема да одиш

за места кои нема да ги видиш

за љубовта што нема да ја сретнеш

не тагувај

животот е овде и сега

додека ти пишувам

додека ме читаш

додека го дишам

мирисот на јоргованите во воздухот

и секоја секунда

ја исполнувам со себе.

© Sanja Atanasovska All rights reserved.

Comments
Please sign in with your account so you can comment and vote.
Random works
: ??:??