Скап мој шафране,
евтино те продадоа,
со збор ќе им се одмаздам.
Проклети да се,
тие што во срце си пукале,
и љубовта на берза ја понудиле.
Од облека
носам само црна историја,
а тешка чизма
ги гази моите раце.
Сега морам да молчам како гроб
и со себе да ја носам
тишината што ја има
само во библиотеките.
Скап мој шафране
носи го мојот шепот
одовде па до Персија.
Мене само силна љубов ме поразува!
© Sanja Atanasovska All rights reserved.