Сите ѕвезди од моето небо
Сите ѕвезди од моето небо
На кого сега да му ги подарам
Кога бескрајот ме исцрпува додека одам
И за кого сега пеат тие нежни симфонии
Во срцето
Кога пред вратата на моите сништа не се слушаат стапалки
И би молчел за сето ова
Би молчел и за ноќите што ги бојам со плава светлина
Би молчел навистина
Но тешко е да се заборави,но потешко е кога се сеќавам
Би молчел
Но тежината од небото е најтешка
Навистина
Сите ѕвезди од моето небо
На кого сега да му ги подарам
Пустината во мојата душа
Ни ветриштата луди не ја сакаат
Солзите жешки
Ни земјата жедна не ги прима
Би ве лажел сега дека не е ништо
Знам нема да ми верувате
Но дојдете
Дојдте со мене во мојата иднина
Да молчиме
Ако се плашите
Оставемете со моите насолзени очи
Доволно е што Вечноста ми шепна
Песните те напуштаат
Пријателите те забораваат
Но јас не
Оставетеме со моите насолзени очи
© Никодин Чернодримски All rights reserved.