Тоа беше песна
едноставна
невестинска
со бел вел на главата.
Ја родив ненадејно
за да избегам од стилот
на претходно напишаното.
Беше подолга од килим
и пократка од коса на девојка.
Беше еднаш многу одамна
и ден денес е тука
една песна
што ми лежи на душата.
© Sanja Atanasovska All rights reserved.