May 6, 2021, 5:15 PM

Празен сон 

  Poetry » Love
273 0 0

Ѕиркањето во твојот живот

е моја средба со гревот.

Ти и твојата неверна жена

не знаете ништо за мојот сон.

Лажиците и виљушките

сама со себе ги делам

прости ми за поезијата

што те вознемирува

прости ми за мојот празен сон.

 

 

© Sanja Atanasovska All rights reserved.

Comments
Please sign in with your account so you can comment and vote.
Random works
: ??:??