SanjaMKD
283 el resultado
Нема да имаме пари
да ја купиме желбата на болниот
ниту на сиромашниот
кој пред излогот
гледа во раскошот на светот ...
  266  17 
Во новата соба
херметички затворена
една слика го искривува ѕидот.
Внатре обетките ми тежат
и ја изместуваат рамнотежата. ...
  261 
Сонцето станува будилник,
а будилникот станува дреболија.
Твоето лице потсетува
на кругот од лебот.
Афродита, ...
  225 
Афродита,
правиш кантон од песни
и со допир ја подмладуваш перницата
да не носи брчки на темето.
Наметката од убави зборови ...
  523 
Ја градиш
куќата на желбите
многу високо
и така станува невидлива.
Правиш фигури од песок навечер ...
  160 
Афродита,
секој ден се будиш
со прашањето
каде плови овој брод?
На долги стази ...
  605 
Афродита
знам дека бесот те убива
во твоите сто квадрати самотија
и во себе ја криеш желбата
душите на сите измамници и латински љубовници ...
  158 
Зад параванот
разделбата со твојата суета
минува без многу детали.
Ти носам нови чевли
во чија убавина се сомневаш. ...
  215 
Сè е црно, сиво и кафеаво,
и кај него саботата
го земала редниот број
на еден трудољубив понеделник.
Живее со душата на чевлите, ...
  218 
Oд твоето лице
го читам она
што не сакам да го слушнам.
Го гледам животот во бројки
низ еден скршен прозорец ...
  368 
Стојам на високи потпетици
и ме поплавува матна вода,
а сепак облеката ми е сува.
Пресметливи материјалисти
сечат перчиња ...
  461 
Не плаши се од мене
дури и кога седам
во друштво на самовили
и угаснати ѕвезди.
Научив дека убавите луѓе ...
  383 
Со звук на монети
ја кршам тишината
со нив може да се купи сиромаштија
и ништо повеќе.
Не продавам добрина на непознати ...
  442 
Јас сум мала честица
со светлината влегувам
во кубето на црквата
го слушам твојот глас
преку ѕидови ...
  465 
Младоста е чоколадо со вкус на рум
а во неа се буди
љубовен антагонизам
рибарите ја ловат емоцијата
во езеро што се бранува ...
  583 
Надеж ти чувам за крај
за она време
кога ќе престанат
шаховски игри
со човечки судбини ...
  313 
Скап мој шафране,
евтино те продадоа,
со збор ќе им се одмаздам.
Проклети да се,
тие што во срце си пукале, ...
  920 
Ми велиш
окото ти е костен,
косата ти е свила,
душата ти е река која брза,
а јас не ти верувам. Се прашувам ...
  496 
Игравме танго на нерамен терен
и со лицето на мојата потпетица
ја згазивме куќата на вредните мравки.
Времето правеше сребрени кругови
и ги фрлаше во нашите коси, ...
  428 
Не знам колку е часот
ниту кој ден е денеска
ни која година
транзитира во нашите животи
не знам кој го засенува сонцето ...
  549 
Изгасете ги сите светла на светот
а мојата мала надеж
распоредете ја во ситни капки дожд
нека биде незабележителна.
Мојата мисла е лавина ...
  325 
Луѓето со пари ќе купат име и презиме
и углед и лажна почит
додека месечината му прави друштво
на еден залутан патник во времето.
Врз мене ѕидови се уриваат ...
  411 
Половина небо држам на рамо
ми тежат меридијани
а над мене е ѕвезден коловоз.
Луѓето носат товар од омраза
кој го нашле случајно ...
  272 
Влегувам во срце од планина
таму каде не оди секој
кога ќе заминеме
од нас ќе украдат само сенки
не враќај ми кусур ...
  334 
Минувам по туѓи виножита
си ја преселувам душата
во еден мал куфер
и заборавам на сите камења
што дошле од блиску ...
  438 
Слушам ѕвона
од чекори на непознати патници
ќе се качам на тронот
без да бидам нечиј трофеј
зад себе ќе ги оставам ...
  392 
На полноќ се разминувам
со стрелките на часовникот
и очајно молам
со острите краеви
да ја извадат сета наталожена болка ...
  317 
Доцна во ноќта
си ги средувам мислите
додека времето само порамнува сметки
а црните птици носат лоши вести.
Вистината се бори за поглед во височина ...
  275 
Се враќам на почетокот
со корени во детството
и со тишина те будам
од соништа кои нема да се остварат.
Јас би те заборавила ...
  389 
Сонувањето во празно
е бесплатно
а сепак чини прескапо.
Никој не предвидува
каде ќе заврши ...
  284 
Кога ќе ме нема кажи нешто за мене,
но внимавај да не биде празно.
Тој што не умрел
не знае како е да се живее.
Се уриваат лажните љубови ...
  462 
Кога ноќта ќе дојде по своето
и ќе преспие во празната стомна
не плаши се од оваа вселена од зборови
што ти ја давам без повод
за да ја чуваш занавек. ...
  412 
Ќе ја изгаснам љубовта
како светло во собата
кога ќе сфатам
дека е порок
кога ќе стане неразумна ...
  299 
Се враќам од патувања
со глава полна спомени.
Сега можам да спијам
во својата куќа без темел
во својата соба без покрив ...
  405 
Им дадов години со љубов,
а ми вратија со минута презир.
Си ја гледам несреќата
во истуреното кафе
си го живеам животот ...
  805 
Еднаш неделно
пливам во море од радости
во костим од зелени треви
сеам камчиња на дното
се извивам во бранови од среќа ...
  313 
Единствен си како мој матичен број
како прва љубов
што ја гори младоста
како страв меѓу четири ѕида
единствен си ...
  309 
Ти објавив тивка војна
реков прва ќе стигнам на целта
ветив ќе се заљубам со сите нишани
ќе засадам дрвце
ќе се родат плодови за сите нас ...
  336 
Кога ќе ми здодее совршенството од приказните
се враќам во реалноста
на непријателот му давам леб
ми враќа со камен
ми ја пали куќата ...
  453 
Нема ривалство
има само љубови,
отворени како карти
оставени на послужавник
за да ги освојат ...
  337 
Propuestas
: ??:??