SanjaMKD
303 el resultado
Позајмувам златни облеки од зајдисонцето
за да го оставам без звид
оној што ме нема
затоа што не ме заслужува.
Свадбарски тапани се слушаат ...
  386 
Пливав во водата со мирис на рузмарин
езерото добиваше форма на коцка
некој ја купил плажата само за мене
да ја носам во мојот град
што свети во ноќите.
  344 
Во градот каде живеам
сретнав еден совршен маж
убав во својата скромност
и немаше бурма на раката
никој не го заробил ...
  323 
Видов уште едно македонско дете
до црвената линија на победата.
Се возев во автобус
кој попат ја менуваше бојата
минуваше низ сончеви и облачни појаси. ...
  282 
Сокриј ги сабјите,
да не се посрамотиме пред гостите.
Сокриј го тропското овошје под масата,
во сиромашна земја
ќе јадеме само грешки и понижување. ...
  443 
Еден сосема обичен ден
немав пари во џебот
ниту часови за денгубење.
Го најдов времето закопано
на брегот на езерото ...
  345 
Ми подаруваш страдања
ме тераш
да чекорам од добро кон подобро
да поместувам планини во долини
ми ја ловиш сенката ...
  391 
Стравот само понекогаш е мој домаќин
кога не сакам да бидам јас
кога не можам да смислам лага за двојка
кога немам врати и прозорци
за да излегувам и влегувам во овој живот ...
  304 
Од различни страни влегувам
во својот град
носејќи креативност во главата.
Долго време ме немаше
и огледалото на ѕидот ме заборави. ...
  309 
Кога ќе го изгубам распоредот со денови
кога плажата ќе заспие со песок
врз трепките
твоите свадбари доаѓаат по мене
и ме наоѓаат мртва ...
  372 
Ако најлошите од душманите
влезат во нашиот заеднички дом
ќе ја испијат водата од водопадите
ќе донесат темни облаци
ќе ги грабнат иконите од старите цркви ...
  311 
Кон мене стрелаат
куршумите од твојата непостоечка совест
додека огномет од грмежи
ги вознемирува луѓето на земјата
и небото во височините. ...
  317 
Почекај лето
почекај кај моите сандали од песок и сонце
почекај ќе дојде есента со кочии од дожд
за да отвори пат за зима
за да го вдишам студениот воздух на декември ...
  453 
Има денови
кога се огледуваме во празни чаши
и далечните земји и улици
ги ставаме во скицата на нашите чекори
има денови ...
  375 
Видов исплашени птици
и плач на сиромашни деца
во лицето на жената.
Кога ѕвездите одат на пауза
кога богатите луѓе заспиваат ...
  342 
Видов како во војна ја убија мојата сенка
во родниот крај
во полето со капини.
Ја погребаа на ден празник
ги измерија нејзините грешки ...
  355 
Едно утро
кога сонцето доби син
кога нашите дела имаа длабоки корења
ѓевреците во продавницата
муабетеа гласно ...
  315 
Ако ја купат ноќта
ние ќе го украдеме денот.
Ако ги запалат нашите села
ние ќе им подариме оган што не се гаси.
Ако бидат неправедни кон нас ...
  411 
Бавно стареам
бавно за свои години
додека малите деца проодуваат
додека тинејџерите стануваат возрасни
додека палам само две свеќи во црква ...
  331 
Го кршам покривот
ги отварам вратите и прозорците
нека ме разбие ветер
нека влезе смртта до последната моја пора
до последната брчка на моето лице ...
  252 
Трајно те губам
засекогаш
меѓу два значајни празника
како што окото ја губи солзата
како што облакот растерува сноп светлина ...
  382 
Неважен си
како вистината обесена на закачалката
како искреноста запечатена во плик
како догорено кибритче
што нема да распали топлина среде студ ...
  289 
Твојата куќа има душа
и тогаш кога е празна и заклучена
кога си верен на своите спомени
кога внатре вреви убавата поезија
кога ѕвездите на покривот ...
  419 
Влегувам во завеса од дожд
за да видам една македонска свадба
да го слушнам тапанот во моето срце
да ја пронајдам есента во мене
да ги сретнам луѓето ...
  350 
Слаба сум како силен ветер
мојата удобност е во сеќавањата.
Облаци во три бои
тежат врз моите очи
кога ти ја враќам назад ...
  331 
Морам солзите
да ги задржам во јато
да бидам храбра
уште овој пат
и уште којзнае колкупати потоа ...
  332 
Кревка сум како полско глуварче
прегазено ми е јадрото
затоа луѓето тешко се справуваат
со мојата гордост
ќе се мачам ...
  314 
И богатите градови со голема душа
и сите пријатели и познаници
пред тебе се мали и неважни
мојата рамнодушност
не кажува ништо ...
  397 
Сонцето го палеше денот
а денот гореше во прегратката на зрелото жито
жедтта умираше и воскреснуваше
на моите усни
една земјена грутка ...
  376 
Кога сум без тебе
и парталите и свечените облеки
без проблем можат да ме проголтаат
мислејќи на тебе испарувам
и го ширам својот круг на непријатели ...
  329 
Ти подавам парче од мојот колач
наречен “харизма“
јас не сум себичен човек
јас сум претпазливо суштество
не луѓето им делам насмевки од срце ...
  428 
Сѐ ќе направам
само дај ми крилја
да го пресечам небото во лет
да избегам од злото
да ги поместувам облаците ...
  355 
Ќе направам мрежи од моите мисли,
ќе ги фрлам на сите континенти,
ќе ги преведам на сите јазици,
ќе ги полевам како цвеќе во градина,
со нив ќе допрам до тебе, ...
  346 
Во кофите носам тишина
ја оставам во собите.
Ќе чекам,
додека не падне
и последната куќа во селото. ...
  373 
Помина многу време
без да си посакам нешто големо и недостижно
без да се заљубам тинејџерски
без да проколнам непријател
без да излажам од забава ...
  324 
Имам две раце
десната е повредна од левата.
Имам неколку важни патишта во животот
едниот ќе го препливам
другиот ќе го прелетам ...
  358 
Поминав покрај нашата куќа,
за двесте луѓе.
Знаев дека е празна и пуста.
Патот што со врзани очи
можев да го поминам, ...
  321 
Заљуби се во овој град
што не може да се изоди пеш.
Овој туѓ град
што ќе биде наш.
Кога ќе остареме, ќе се сретнеме ...
  856 
Зимата пристига на снежни санки
Влегувам во нова соба
Со стар распоред
Додека другите ништо не знаат
Си забранив да те сакам ...
  339 
Направив нешто себично,
те затворив во кутија,
да бидеш само мој,
еден ден и лисјата,
што ги газам во паркот, ...
  832 
Propuestas
: ??:??